Заврши велешката „Питијада 2015“
Во раните утрински часови во Велес заврши 12.„Питијада 2015“ што ја организира Општина Велес во соработка со бизнис секторот, угостителите и винариите.
Иако првично беше најавено од страна на градоначалникот Славчо Чадиев дека манифестацијата ќе заврши денеска, сепак Координативното тело во соработка со угостителите и другите учесници едногласно одлучија Питијадата да заврши во раните утрински часови поради обилните врнежи од дожд.
На годинашната Питијада, според информацијата од организаторите, биле потрошени 41.300 пити и испиени 9.700 литри вино. Во овие бројки не е пресметана храната која беше продадена во рестораните и пекарите во градот.
Во музичкиот дел настапија голем број естрадни ѕвезди меѓу кои групата „Парни ваљак“, Калиопи и нејзиниот бенд, „ДНК“, Елена Ристеска, Ален Хасановиќ и Филип Божиновски.
Велешката питијада беше посетена од гости од целата држава, а имаше и посетители од Србија и Хрватска.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите