Македонија
10. јуни 2016 - 19:35

Заврши учебната година

Учебната година заврши со екстерно тестирање. Радоста кај учениците се забележа откако излегоа од тестирањето.  Основците задоволни како го решиле тестот, прашањата биле лесни. Овој 10 јуни е крај на учебната година за околу 270 000  ученици од кои 187 илјади во основно образование. Летниот распуст ќе го користат пред се за забава и одмор,  лектирите велат ќе почекаат до септември .

И во средните училишта сликата е иста. Се полага вториот предмет од екстерно, се заклучуваат оценки.  Училниците се полни до последен час, во училишниот двор само неколкумина кои завршиле порано со тестот. За разлика од помалите, средношколците беа по загрижени за полагањето, но очекуваат добри оценки и три месеци дружење и забава.

Најмалите и оние кои не успеале да дојдат во редовните термини ќе бидат тестирани утре. Резултатите ќе бидат познати за една недела, а полуматурантите ќе ги добијат оценките  во понеделник. Уписите за во средно  се на 28 и 29 јуни. 

Вчера се полагаше и вториот предмет од државната матура по предметот математика. Матурантите полагаат утре и на 15ти по што конечно ќе здивнат се до уписите на факултет во август.