Македонија
27. August 2017 - 11:11

Заврши „Супер Скопје“ во Старата скопска чаршија

Со настап на повеќе изведувачи на просторот пред црквата „Свети Спас“, заврши и вториот викенд од големата летна забава „Супер Скопје“, којa се одржа во Старата скопска чаршија.

Настапија Офкестра, Фанки Гуру, Енерџи бенд и Фиц (Студени нозе). Претходно, во петокот на плоштадот „Скендер бег“ скопјани можеа да ги проследат настапите на Трикс, Гоца Тржан, Цена и Гоце САФ.

Наредниот викенд забавата ќе продолжи на улицата „Македонија“, каде на 1 септември ќе настапат Ди Џеј Дела, Ај Кју и Каролина Гочева. На 2 септември ќе настапат, Тамара Тодевска и Нокаут со специјални гости – Игор Џамбазов и Гуру Харе.

Манифестацијата почна минатата недела на Кејот „13 Ноември“. Проектот „Супер Скопје“ се реализира по иницијатива на сопственици и менаџерите на угостителски објекти од повеќе локации од Скопје. Главен организатор е Конгресниот центар „Александар Македонски“. Деновите кога се одржува „Супер Скопје“, работното време на угостителските објекти е продолжено за еден час.