Македонија
29. October 2020 - 13:00

Заврши состанокот на Советот за безбедност

Заврши седницата на Советот за безбедност на Република Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која се расправаше за актуелната состојба со пандемијата на Ковид-19 и за мерките и активностите на надлежните институции.

„Вила Водно“ ја напуштија министерка за одбрана Радмила Шеќеринска и собранискиот спикер Талат Џафери.

Протоколите што ги опфаќаат мерките и препораките за заштита и превенција од КОВИД-19, согласно одлуките на Владата на Република Македонија, се дополнети и ажурирани со последните усвоени измени и дополнувања со кои се регулираат повеќе области.

Претседателот Стево Пендаровски ќе ги соопшти истите во 13:10 часот.