Македонија
6. September 2016 - 13:09

Заврши сезоната на „Vip Аква парк“ во СЦ „Борис Трајковски“

Аква паркот кој работи во рамки на СЦ „Борис Трајковски“, „Vip Аква парк“ вчера ја заокружи четвртата  сезона по ред и, како што оценија од Спортскиот центар, се вброила во една од поуспешните.

Оваа сезона Аква паркот го посетиле над 34.000 посетители. Сезоната официјално стартуваше со работа на 11 јуни, а во текот на целото лето посетителите се забавуваа на десетте тобогани, „бумеранг“, „спејс бал“, тобоганот со ноќни ефекти, базен со бранови, мрзлива река и слични модерни содржини.

За безбедноста на посетителите се грижеле 36 лиценцирани спасувачи од Црвен Крст на Република Македонија.