Заврши Самитот на ОБСЕ во Скопје, организацијата преживеа
Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје заврши. Организацијата е спасена, заклучи шефот на македонската дипломатија Османи кој изминатава година претседаваше со најголемата организација за безбедност и соработка. Нов, претседавач по сите перипетии поради руското противење е Малта, а се најде и компромис за челните позиции во ОБСЕ. За 9 месеци се продолжуваат мандатите на генералниот секретар и трите пропратни институции на ОБСЕ.
Сите 5 одлуки, Османи вели дека биле донесени со консензус, а ставот на организацијата за руската агресија во Украина бил недовсмислен и пренесен на руската страна од сите останати 56 држави членки и дека немало тргување со принципите на Ораганизацијата.
Посветен на принципите, но справување со предизвиците околу руско-украинската војна останува и идниот претседавач Малта.
Тридневниот минситерски совет на ОБСЕ во Скопје беше еден од најтешкитте состаноци што Организацијата ги имала од нејзиниото основање. Во прашање беше доведено дури и нејзиниот опстанок. Дополнително тензиите ги зголеми појавувањето на рускиот шеф на дипломатијата Лаворв, но и предвременотот заменување на американскиот државен секретар Блинкен.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар