Македонија
13. November 2018 - 15:53

Заврши реконструкцијата на постојниот железнички мост на „Никола Тесла“ во Куманово

Сообраќајот на улицата „Никола Тесла“ во Куманово од денеска се одвива непречено, информираа од компанијата изведувач, Х. Ф. Вибе, од каде што посочија дека заврши реконструкцијата и рехабилитацијата на постојниот железнички мост на оваа улица, која е дел од проектот „Рехабилитација на Железничкиот Коридор 8, делницата Куманово – Бељаковце“.

Реконструкцијата заврши деновиве, а официјално денеска под надзор на општинските и сообраќајните власти, сообраќајот повторно е пуштен во употреба и се одвива непречено за сите типови возила. Претходно, возилата се движеа по заобиколен пат, изработен од изведувачот.

Сообраќајот на оваа делница во текот на изминатите месеци се одвиваше по девијацијата направена врз основа на барањата од општинските власти и од локалното население од Долно и Горно  Којнаре,  Речица и селата од  липковскиот регион. Реконструкцијата на мостот за потребите на железничкиот коридор 8, започна да се реализира од средината на јули годинава и заврши денеска.