Македонија
7. November 2015 - 16:31

Заврши реконструкцијата на главната улична врска меѓу општините Чаир и Бутел

По неколку месечна реконструкција Кемал Сејфула доби нов лик. Улицата која е една од главните сообраќајници во Бутел и Чаир сега е побезбедна за учесниците во сообраќајот. Овој потег се наметна како приоритет за градот и општината поради фактот што секојдневно минуваат илјадници автомобили а во непосредна близина на улицата има средно и основно училиште.

Првиот човек на Бутел ја потенцираше добрата соработка со градот и правецот во кој минатите години се движи општината.

Реконструкцијата на улицата го чини градот околу 10 милиони денари и претставува подоцнежна фаза од проектот кој градот го стартуваше во 2010-та година.