Македонија
26. September 2019 - 13:56

Заврши првиот дел од снимањето на филмот „Од рајот“

Режисерот кој ги потпиша познатите филмови „Ние не сме ангели“, „Парада“, „Рани“, „Убавите села убаво горат“, од 16-25 септември на локации во Скопје го почна снимањето на неговиот нов филм „Од рајот“. Филмот е српско-германско-македонско-хрватско-словенечко-црногорска копродукција зад која застанаа продуцентите DELIRIUM од Србија, во копродукција со „Сектор филм “од Македонија, МА.JA.DE. FICTION Gmbh од Германија, „Форум Љубљана“ од Словенија, STUDIO DIM од Хрватска, MAX FILM од Црна Гора.

Снимањето почна на 16 септември и се одвиваше девет дена во нашата земја, а ќе продолжи во Србија и во Германија.Проектот е поддржан и финансиран од Агенција за Филм на Република Северна Македонија и фондовите за филм на земјите на копродуцентите.