Заврши протестот откако се ослободени приведените лица од скопско Сингелиќ
Според информациите од терен предмалку заврши протестот во населбата Сингелиќ во општината Гази Баба во Скопје откако полицијата ги ослободила приведените лица.
Според неофицијалните информации протестот започнал откако полициски службеници реагирале на непочитувањето на полцискиот час и привела неколку лица од оваа населба.
Со цел да ја смири ситуацијата на протестот присуствувал и градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски кој што им вети на насобраните дека лично ќе отиде во полициската станица во Автокоманда и ќе ги донесе приведените.
Според последните информации тој тоа го направил и приведените се ослободени по што толпата на граѓани се растурила.
Иако Сител побара информации од МВР за тоа што се случува во Сингелиќ за сега нема точна информација што точно се случувало, колку лица се приведени и зошто истите се ослободени
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марија Ристевска
-
Силниот ветер откорна дел од кровот на средно училиште во Штип
-
Ветер од над 100 километри на час во штипско и битолско
-
Приватните превозници ќе се вклучат во сообраќај од понеделник, но бараат зголемување на тарифникот
-
Вински саем во Белград
-
Продолжува амандмантската расправа за предлог-буџетот
-
Се крои новогодишната кошничка
-
СДСМ утре на конгрес ќе бира ново партиско раководство