Заврши прегласувањето во Чаир
Заврши гласањето на избирачкото место 2901 во општина Чаир каде се прегласуваше вториот круг од Локалните избори 2017.
Според последните информации од Државната изборна комисија, до до 17 часот од вкупно запишани 719 избирачи на гласање излегле 251, односно 34,9 отсто.
Од ДИК информираа дека избирачкото место било отворено навреме и оти гласањето до 17 часот се одвивало непрекинато и без проблеми.
Првичните резултати од гласањето по електронски пат ДИК ќе ги објави на веб-странцата rezultati.sec.mk по 19 часот откако ќе бидат завршени броењето и сумирањето на гласовите.
По вториот круг на изборите Управниот суд, по жалбата на БЕСА, донесе одлука за повторување на гласањето на ова избирачко место.
Разликата во Чаир меѓу Висар Ганиу од ДУИ и Зекирија Ибраими од БЕСА во вториот круг беше 209 гласа, а на избирачкото место 2901 разликата е 66 гласа во корист на БЕСА.
Ова е единственото прегласување на шестите локални избори во Македонија кои се одржаа во два круга на 15 и на 29 октомври.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација