Свет
15. December 2016 - 19:12

Заврши операцијата во Самара, приведени две лица

Активната фаза на антитерористичката операција во рускиот град Самара заврши, деактивирана е експлозивната направа, а две лица, приврзаници на Исламска држава, се приведени, јавија руските медиуми.

Приведените се по потекло од една централноазиска република.

Руските безбедносни сили го блокираа придот до четирикатна зграда, каде се наоѓале приврзаниците на ИД, кои планирале терористички напад, На местото пристигнале и деминери, пожарникари и други служби.