Заврши кризната состојба во Дебар и Жупа, 10 дена нема новозаболен
После 10 дена без ниту еден новозаболен од коронавирусот и поминати 30 дена од прогласување кризна состојба, од вчера на териториите на општините Дебар и Центар Жупа важат истите мерки како и во целата држава.
Владата на Република Македонија, по предлог на Главниот координативен кризен штаб, ги укина сите дополнителни мерки предвидени за територијата на споменатите две општини кои беа на сила според акцискиот план подготвен на 13 март 2020.
Директорот на Центарот за уравување со кризи Агрон Буџаку рече дека од епидемиолошки аспект, воведувањето на кризната состојба во Дебар и Жупа придонело во последните 10 дена, да нема нови случаи на заразени лица со коронавирусот.
– Досегашниот биланс, се надеваме конечен, е следен: од 49 потврдени пациенти со КОВИД-19 – 16 се излечени, 4 починати, за 8 се чекаат резултатите од второто тестирање, 29 пациенти се на домашно лекување, наведе Буџаку.
Тој посочи дека медицинските лица, како локалните, така и тие дојдени да помогнат од другите делови на државата, ја заслужуваат најголемата благодарност и пофалба за се што направиле и прават за граѓаните на Дебар и Центар Жупа.
Буџаку се заблагодари и на припадниците на МВР, Армијата на РМ, Дирекцијата за заштита и спасување, Црвениот крст, невладините хуманитарни организации и сите други за нивниот голем придонес за надминување на кризната состојба. Најголема честитка, рече тој, заслужуваат граѓаните на Дебар и Центар Жупа кои максимално се придржуваа до сите мерки донесени од страна на институциите.
Ново на Сител
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО