Спорт плус
5. јуни 2016 - 15:28

Заврши јубилејното 40-то издание на боречкиот турнир

 
 
 Четворица македонски борачи беа победници во своите категориии на лјубилејното 40-то издание на меѓународниот боречки турнир „Македонски бисер“. 
 
Раиф Камбери, Дејан Митров, Бехар Мамути и Могамеџаџи Нуров, ги освоија првите места во категориите до 65, 70, 74 и 97 килограми во борбите кои се одржаа во СЦ „Борис Трајковски’’ во Скопје. 
 
За најуспешен борач на годинашното издание на „Македонски бисер“ беше прогласен јапонскиот натпреварувач Сосуке Такатани кој триумфира во категоријата до 86 килограми.
 
Во останатите категории победници беа: Ринчинау Џимчик од Белорусија (57 кг.),  Јапонецот Реи Хигучи (61 кг.), Веселин Георгиев Петров од Бугарија (65 кг.) и 
Алибек Шадау од Белорусија кој победи кај супер-тешкашите (над 125 кг.).