Бизнис
29. July 2016 - 19:03

Заврши изградбата на магистралната гасоводна делница од Клечовце до Штип. Инвестиција 75 милиони долари

Целосно е изграден  гасоводот Клечовце – Штип. Инвестицијата е вредна 75 милиони долари. Како што потсети претседателот на владечката партија Груевски,  дел од средствата, или 60 милиони долари се од пребивањето на клириншкиот долг од поранешниот Советски Сојуз со што се затвора едно дво децениско прашање. Остатокот е обезбеден од Буџетот.

Паралелно се работи и на изградбата на останатите гасоводи.

Како што велат од МЕР со гасификацијата со отвара нова ера во енергетскиот сектор во земјава.

Во наредните четири години ќе се изградат  нови 204 километри од македонскиот гасовод со вкупна инвестиција од преку 150 милиони евра.

Во наредната фаза ќе се рабпоти и на гасводоите од Битола до Охрид, Гостивар Кичево- Охрид и Штип – Струмица.

Со гасифицирањето домаќинствата и фирмите ќе добијат поевтин еколошки енергенс.