Македонија
1. November 2018 - 17:33

Заврши изградбата на канализација во Лабуништа

Заврши последната фаза од изградбата на канализациска мрежа во селото Лабуништа.

Од Општина Струга соопштија дека на главната канализациска мрежа е вклучен и горниот дел од селото, местото викано Ориште. Со тоа, според информацијата, комплетирана е канализациската мрежа во Лабуништа.

Екипи на јавните претпријатија сега извршуваат санирање на патот каде што поминуваат цевките за канализацијата.