Македонија
24. October 2015 - 12:44

Заврши фестивалот „Ин Виница веритас“ во Виница

Со настапот на театарот од Теразије- Белград, Република Србија со претставата „Чај од јасмин“ во режија на Жељко Јовановиќ, синоќа во Виница заврши годинешното седмо по ред издание на меѓунаропдниот фестивал на хумор и сатира „Ин Виница веритас“.
 
Во изминатите пет фестивалски дена беа прикажани тетарски комедии со настап на театриоте од Штип, Велес, Битола и самостојуниот прокет на Бојан Љубенович под наслов „Има една земја“.
 
- Годинава фестивалот ги собра најдобрите карикатуиристи од земјата и светот. За една од наградите на тема „Светот е мал“  учествуваа 320 карикатури од 47 држави од светот. Првата награда ја освои карикатуристот Махмуд Азајнија од Иран. Посетеноста беше голема  што секако зборува и за големиот интерес за фестивалот за хумор и сатира, изјави Славко Данев, директор на Домот на културата „Тошо Арсов“ од Виница.
 
Во рамки на фестивалот беше промовирана книгата афоризми под наслов „Балканска трансферзала“ на македонски и на српски јазик, отворена изложба од пристигнатите карикатури, а се одржа и работилница на тема карикатира со средношколците од СОУ„Ванчо Прке“ од Виница.
 
Фестивалот финансиски го помогнаа Министерството за култура, Општина Ви ница и компании од општината