Македонија
7. October 2017 - 13:38

Заврши фестивалот на хумор и сатира „Ин Виница веритас“

Со стенд ап комедијата на Марјан Георгиевски од Битолскиот театар синоќа во Виница беше спуштена завесата на деветото издание на мегународниот фестивал на хумор и сатира „Ин Виница веритас“. Во рамките на фестивалот беше отворена изложба на карикатури и настап на театарски ансамбли од Макеоднија и Србија.

Деветтото издание на „Ин Виница Веритас“ стартуваше со изложба на карикатури од светски познатиот карикатурист Иваило Цветков од Република Бугарија зад чиј квалитет стојат 70 интернационални награди. Пред виничката јавност беа изложени педесетина карикатуири на Цветков наградувани на повеке мегународни конкурси.

На сцената на Домот на културата „Тошо Арсов“ во изминатите пет фестивалски дена настапија членовите на Народното позориште од Врање со претставата „Аматери“, театарот за најмладите со Кристијан Маџик, театарот Крик од Скопје,како и Народниот театар од Велес со претставата„Синиот портокал“ и театарот од Охрид со претставата „Анафалбета“.

Во рамките на фестивалот карикатуристот Ивајло Цветков  одржа  кративна работилница со ученици од виничките основни и средни училишта во изработка на карикатура. Фестивалот„Ин Виница веритас“ финансиски го помогна Општина Виница.