-->
-->
Заврши дипломатскиот спор меѓу САД и ЕУ
-->
САД ставија крај на спорот со Европската унија во врска со дипломатскиот протокол, изјави денеска американскиот амбасадор во ЕУ Гордон Сондланд и додаде дека ЕУ за Вашингтон е еден од најважните сојузници.
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп го спушти нивото на дипломатскиот статус на делегацијата на ЕУ во САД минатата година, без формална објава на одлуката и без да го извести Брисел за таа промена.
Тоа практично значеше дека во Вашингтон статусот на ЕУ е спуштен од државно на ниво на меѓународна организација.
Таа „преквалификација“ доведе и до промена на статусот на амбасадорот на ЕУ во САД Дејвид О’Саливен, што стана очигледно на погребот на некогашниот претседател Џорџ Буш (постариот). Името на амбасадорот О’Саливен тогаш не беше прочитано во моментот кога тоа го налагаше дипломатскиот протокол.
Сондланд изјави дека на амбасадорот на ЕУ му се враќа претходниот статус и оти таа одлука веднаш стапува во сила.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто