Заврши анкетата за прибирање предлози за нови имиња на топоними во Скопје
Заврши анкетата во која скопјани можеа да предлагаат нови имиња на топоними (улици, булевари, мостови, плоштади, паркови и други инфраструктурни објекти). Анкетата ја објави Град Скопје на 29 јули годинава, а беше отворена до вчера, 18 август.
Граѓаните имаа можност да предлагаат само имиња на топоними, но не и локации кои би биле именувани со овие имиња.
На веб-страницата на Град Скопје беше објавен онлајн-прашалник преку кој граѓаните можеа да испраќаат свои предлози за топоними преку интернет, со одговарање неколку прашања. Оние граѓани што не користат интернет, имаа можност своите предлози преку пошта да ги испраќаат до Град Скопје, најдоцна до вчера.
Согласно Законот за определување имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти, имињата на градските топоними „можат да бидат определени со географско, етнографско, историско и друго обележје, име на истакната личност од областа на историјата, науката и културата, други погодни имиња, како и со име на значаен настан и датум врз основа на листа на имиња“.
Предложените имиња од граѓаните ќе ги разгледува Комисија за именување на улици, полоштади, мостови и други инфраструктурни објекти на Советот на Град Скопје, што има задача да ја состави листата на имиња во согласност со одредбите на овој Закон. Листата во форма на предлог се доставува до Советот на Град Скопје, кој ја утврдува по претходно добиени мислења од општините во согласност со Владата.
Комисијата за именување на улици, полоштади, мостови и други инфраструктурни објекти на Советот на Град Скопје ќе ги разгледа предлозите на граѓаните, но нема обврска сите нив да ги вклучи во листата што ќе му биде предложена на Советот.
Постоеше голем интерес кај скопјани да се вклучат во анкетата. Граѓаните со кои МИА разговараше, велеа дека веќе го пополниле онлајн-прашалникот. Нивните предлози, како што ни изјавија, најчесто се однесуваат за личности кои придонеле за афирмација на Скопје и на државата. Меѓу предлозите се Тоше Проески, Есма, Горан Стефановски, Ванчо Петрушевски…
Ново на Сител
-
Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија
-
Кралот на Маорите на Нов Зеланд сака на китовите да им даде основни човекови права
-
Светски берзи: Скок на цената на нафтата, пад на цената на златото и пченицата
-
Трет ден потрага по Данка, проверка на базните станици и телефоните на родителите
-
Хрватска: Наполитанки Кит Кат повлечени од пазарот
-
Две лица се приведени за убиството на лекарот во Железара
-
Се финализираат коалициите пред почетокот на кампањата за претседател следната недела
-
Во Собранието последна нова седница во овој парламентарен состав