Спорт плус
5. јуни 2016 - 16:30

Заврши 2-ра Меѓународна научна конференција „Истражувања во физичкото образование, спортот и здравјето“

 
 
Во организација на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методи“ во Скопје, изминативе три дена се одржуваше 2-та Меѓународна научна конференција „Истражувања во физичкото образование, спортот и здравјето“. 
 
На оваа меѓународна конференција, која беше под покровителство на  Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов,  беа презентирани над 125 трудови, од преку 200 автори од повеќе држави во светот: Македнија, САД, Франција, Белгија, Шпанија, Бугарија, Србија, Хрватска, БиХ, Црна Гора, Словенија, Турција, Албанија, Косово, а основна цел на конференцијата е да се поттикне понатамошниот развој на кинезиологијата како научна дисциплина.
 
И овојпат од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје во Скопје, се погрижи на едно место, да собере врвни, докажани имиња од различни науки и научни области, доктори, професори, кои преку своите истражувања, издадени трудови, како и низ праксата, придонесуваат за развојот на физичкото и здравствено образование, спортот, спортската рекреација, кинезитерапијата, менаџментот во спортот, кои генерално, директно влијаат врз здравјето на луѓето.
 
Заклучоците од оваа меѓународна конференција беа дека, во моментов развојот на науката во физичкото образование, здравје и  спорт е на многу повисоко ниво, но и дека тука не треба да се застане. Напротив. Сега треба да се изнајде модел и начин презентираното во изминатите денови да стигне до консументите, во училиштата, клубовите, федерациите, спортските организации. 
 
Компарирано со останатите земји во свето Македонија е на ниво со научна мисла,  организациска и инфраструктурана што е одличен предуслов, за понатамошна надградба на системот на физичко образование, здравство и спортот во целина. 
 
Со поддршката која ја дадоа на оваа конференција Универзитетот „Св. Кирил и Методи’’ како и самата држава, уште еднаш покажаа чувство, но и гаранција, дека Македонија има можност и кадри сето презентирано да биде и реализирано. 
 
Со самата успешна организација за што дојдоа највисоки оценки од сите присутни на конгресот, Факултетот за физичко образование, спорт и здравје уште еднаш потврди дека има визија, потенцијал, но и најважно кадар, да се носи рамо до рамо со најреномираните факултети од оваа област во светот. Затоа веќе пристигнаа и повеќе   понуди за билатерални проекти во неколку факултети од Европа, како и за доедукација на професори и студенти.