Македонија
24. September 2018 - 9:45

Заврши 10. Меѓународен театарски фестивал Св.Јоаким Осоговски во Крива Паланка

Со претставата „Јас веќе не судам, тие ми пресудија мене“ во изведба на средношколците о драмската секција на средно општинско училиште „Ѓорче Петров“, Крива Паланка, синоќа беше затворено годинашното издание на десеттиот Меѓународен театарски фестивал „Св.Јоаким Осоговски“.

Младите надежни актери ја прикажаа претставата пред преполна сала на главната фестивалска сцена во Националната установа Центар за култура, Крива Паланка.

Претставата е работена во режија на професорките по македонски јазик и литература Зорица Давитковска, Елена Јакимовска и Даниела Стојмировска, а претставувањето на млади талентирани актери од гардот е традиција на изминатите четири фестивалски изданија.

Годинашниот јубилеен театарски фестивал во Крива Паланка понуди разновидна и богата фестивалска програма. Гостуваа девет театарски ансабли и театри од Хрватска, Србија, Бугарија и Македонија: Театар „Комедија“ и Драмски театар, Скопје, општински народен театар -„Невена Коканова“, Дупница, Република Бугарија, „Југоарт продукција“ и Агенција „Призор плус“, Белград, Србија, „Народен театар Стерија“, Вршац, Србија, градски театар „Јоза Ивакиќ“, Винковци, Хрватска, театар „Солзи и смеа“, Софија, Бугарија.

Во придружната програма на фестивалот во Локална установа градски музеј и градск ауметничка галерија, како и во НУ Центар за култура се одржаа промоции на книгите: „ Крилести одаи“ на Јоана Шишкова, збирка од три драмски текстови од Трајче Кацаров – „Со вкус на овошен сладолед “ и „Театарски сновиденија“, театарски критики во стих од Тодор Кузманов.

Програмата понуди и две изложби: фотографии на примабалерината

Зоица Пуровска Велевска- „ Божја искра“ и ретроспективна изложба на театарска фотографија и плакат од Стојанче Величковски.

Лауреат на годинашниот Меѓународен театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски 2018“ е актерот Благоја Чоревски.