Завршени 67, а 20 во изградба проекти од водоводната и канализационата инфраструктура
Вкупно 67 проекти се завршени, а уште 20 се во фаза на градба од областа на водоводната и канализационата инфраструктура финансирани преку линијата на Европска инвестициона банка и од Владата во вредност од 55 милиони евра, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
- За овие проекти потрошени се 25 милиони евра од кредитната линија на ЕИБ и дополнителни 30 милиони евра се инвестирани од буџетот на РМ или вкупно досега се инвестирани 55 милиони евра. Инвестициите од овој проект ќе продолжат и понатаму за изградба на голем број водоводи низ земјата. Надвор од овој проект на Владата со ЕИБ се реализирани и голем број други водоводи кои се финансирани директно од Владата, од министерствата, од општините, некои со сопоствени средства, некои помогнати со програмата за рурален развој на Владата.Така што инвестициите во овој дел се огромни и се на задоволство на илјадници граѓани од голем број населени места. Практично изградбата на водовите и канализационите мрежи е еден од топ приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ и на Владата која што ја предводеше овој период, рече Гуревски по увидот на градежните работи на новата болница во Штип.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор