Македонија
4. November 2016 - 17:07

Завршена санацијата на ОУ „Димитар Поп Георгиев- Беровски“ во Ѓорче

Основното училиште “Димитар Поп Георгиев Беровски” во скопско Ѓорче е реновирано по штетата која настана од септемврискиот земјотрес. Плафонот на училиштето каде имаше најголеми оштетувања е целосно заменет и не постои опасност по безбедноста на учениците.

Реновирана е и фасадата на училишната зграда а поставени се и нови прозорци со што објектот е енергетско ефикасен.

За реконструкцијата на училишната зграда според градоначалникот Митровски вложени се 3 ипол милиони денари.