Македонија
31. October 2018 - 9:15

Завршен настан на проектот „Глувите лица – учесници во сообракајот”

Подигнување на свеста за учеството на глувите лица во сообраќајот, е целта на активностите спроведени во рамки на проектот „Глувите лица  – учесници во сообракајот”!, чиј завршен настан ќе се одржи денеска во Скопје.

Проектот е поддржан од Полио плус – движење против хендикеп во рамки на проектот „Маргина обскура – прашањето на хендикеп во пристапувањето кон ЕУ”.

На завршниот настан на проектот ќе бидат презентирани резултатите од спроведено истражување, како и две видеа кои прикажуваат двете различни сценарија при учество на глуви лица во сообраќајот.

Проектот го спроведе Здружението „Европска граѓанска активност“. На завршниот настан ќе присуствуваат претставници од надлежните институции, граѓани и организации кои учествуваат во унапредување на условите и позицијата на граѓаните со оштетен слух и говор.