Македонија
7. February 2017 - 15:25

Завршен настан на проектот „Гласот на младите Македонија“

Центарот за интеркултурен дијалог (ЦИД) денеска одржа завршен настан на проектот „Гласот на младите Македонија“ што се реализираше во изминатата година, а чија цел беше да се апоттикнат младите да бидат активни чинители на промените во општеството.

Од ЦИД информираа дека во петте кампањи биле вклучени околу 400 млади од училиштата од Куманово, Липково и Старо Нагоричане, кои организирале настани и лобирале за одредени промени што се од нивен интерес.

- Во Липково успешно беа реализирани спортски настани за млади, преку кои младите имаа можност да се изјаснат за нивните проблеми со кои се соочуваат. Од тој настан произлезе друг на кој тие имаа можност да дискутираат во врска со родовата еднаквост и да донесат одредени заклучоци кои понатаму беа поднесени пред различните инситуции кои ги засегаат младите, изјави Флорим Реџепи од ЦИД.

Од Куманово биле вклучени ученици од гимназиите „Гоце Делчев“ и „Сами Фрашери“, како и од стручното училиште „Наце Буѓони“.

- Во „Наце Буѓони“ се фокусираа на училишното организирање, односно како да го подобрат и како резутлат на оваа кампања беше направен училишен парламент. Во „Гоце Делчев“ направија училишна младинска канцеларија за информирање каде имаат можност да се информираат за децата правобранители и други настани, како и за можностите за млади во тоа учиилште, додаде Реџепи.

Во „Сами Фрашери“ камапњата била насочена кон подобрување на хигиената, но било детектирано дека има потреба и од простор за читање, па на крајот била реорганизирана и библиотеката.

Во Старо Нагоричане бил отворен младински центар, во кој изминативе четири месеци се одржале различни креативни работилници.