Македонија
21. October 2019 - 21:36

Затворските полицајци конечно со закон добија пензии

По петмесечно чекање, затворските полицајци кои ги исполнуваат условите ја дочекуваат заслужената пензија. Претениците денеска по скратена постапка ги изгласаа измените во Законот за извршување на санкциите, со кој се исправа грешката од претходниот закон, кој спречуваше овие полицијаци да станат пензионери.

Законот беше едногласно донесен, но и покрај поддршката, претениците од опозицијата посочија дека и овој текст носи недоречености.

Затворската полиција во неколку наврати преку протести бараше да се донесат измените во Законот за санкции.

Околу 50 нивни припадници кои навршиле стаж за пензионирање не можеа да се пензионираат, бидејќи во стариот Закон донесен во мај законодавецот не предвидел коефициент за исплата.