Македонија
18. May 2016 - 16:33

Затворски казни за обвинетите кои во Македонија регрутирале борци за ИСИЛ и се бореле во Сирија и Ирак

Од две до четири ипол години казна затвор за 5мината обвинети во случајот Ќелија кои го признаа делото,  меѓу кои е единствениот македонец Стефан Стефановски. Ова е прва пресуда  за кривично дело учество во странска војска, полиција, паравоена или парполициска формација  кое е предвидено во закон од 2014година. Одлуката на судскиот совет беше донесена врз основа на законот за одмерување на казните, каде во предвид биле олеснителните околности за обвинетите, дека не се во брачна заедница, немаат деца, не се осудувани и дека ова им е прво кривично дело.  Тие имаат право на жалба само за висината на  казната.

Судијата  Ѓоко Ристов при читање на одлуката, рече оти се надева дека казната ќе има специјална но и генерална превренција за повторување на делото.  Во иднина изрази надеж дека  осудените ќе се вратат на правиот пат бидејќи како што рече можеби биле заведени од идеологија  која не била добра ниту за нив ниту за човештвото.  Акцијата „Ќелија“ беше спроведена во  август минатата година на неколку локации на Бит-пазар и во Сарај, каде што полицијата откри дека преку џамии и приватни објекти на невладини организации се врбувале борци за странски војски на Блискиот иток.. Со обвинението првично беа опфатени 11 лица, но шестмина од нив меѓу кои и оџата Реџеп Мемиши од скопската Тутунсуз џамија, веќе ја признаа вината и добија затворски казни од 5 до 7 години.