Македонија
5. May 2021 - 14:44

Затворски казни за обвинетите кои издавале лажни пасоши

Петтемина обвинети во случајот "Двојник" кои на почетокот на денешното судење признаа вина, заработија затворски казни. Дел од нив добија и забрана за извршување на професијата во следните 10 години.

Така според пресудата, заторските казни се движат од 2 години до 2 години и 7 месеци. 

Денис Баруфи      2 год. 7 месеци

Ален Личина        2 год. 3 месеци

Раиф Мифтари    2 год. 3 месеци

Ѓорѓе Велков       2 години

Фарук Биља        6 месеци условна казна затвор

Според судот, сторителите како овластени лица во МВР биле должни да влеваат доверба во системот, а не истите да го прекршуваат.

Со цел да прибават имотна корист, како што се наведува во пресудата, обвинетите, издавале документи со туѓ идентитет на лица со дебелео криминално досие и барани со меѓународни потерници. Со ова,како што истакна судот, обвинетите Им овозможиле, слободно да ги минуваат границите, а ја нарушиле националната безбедност на државата и националната безбедност на другите држави.

Судењето ќе продолжи во петок за обвинетите кои негираа вина.

 

Зоран Јаневски