Македонија
12. August 2018 - 16:20

Затворската полиција бара еднакви права со припадниците на МВР

Затворската полиција реагира на односот на министерството за правда кое не покажало слух за нивните предлози по измените во законот за извршување санкции. Иако испратиле писмено барање до сега од  министерството не биле повикани.  Затворската полиција реагира на досегашниот начин на исплата на плати и надоместоци и бара да бидат рамноправни со вработените од МВР.

Ризикот на работното место е голем а тие немаат овластување да користат оружје. Поради незадоволство од примена на законот, дополнително се намалува бројот на вработени.

Претходно тие добија ветување и од премиерот лично при неговата посета во затворот Идризово, но оттогаш велат,  ресорните министерства не преземале ништо. Пред неколку месеци протестираа пред надлежните институции по што беа повикани  на средба со функционерите а сега најавуваат порадикални мерки доколку надлежните останат глуви на нивните барања.