Затворска казна од 75 години за репрезентативец: Правел ужасни работи, па до крајот на животот ќе биде зад решетки
Омар Ортиз, мексикански голман и поранешен репрезентативец останатиот дел од животот ќе го помине зад решетки поради криминални дејствија.
Ортиз е прогласен за виновен за учество во три киднапирања за нарко картел меѓу кои и Армандо Гомез, сопругот на популарната мексиканска пејачка Глорија Теви.
Репрезентативецот, познат под прекарот „Мачка” бил уапсен во јануари 2012-та година и бил држен во затворот Кадерејта, а доказите го поврзуваат во киднапирање на тројца луѓе и за тоа добивал по 4.100 американски долари за секого, а судот му пресуди висока затворска казна.
Со оглед на тоа дека има 42 години тоа значи дека ќе биде доживотно на робија.
Ортиз ги извршил делата меѓу 2011 и 2012 година додека бил суспендиран од фудбалот поради допинг. Често запаѓал во неволји, а локалните власти го обвинуваа за конзумирање на кокаин и шверц.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата