Македонија
8. September 2015 - 20:39

Затвореник во бегство, осомничен за обид за кражба во менувачницата во Велес

СВР-Велес поднесе до надлежното јавно обвинителство кривична пријава против 36 годишен жител од велешкото село Горно Оризари осомничен за сторено кривично дело „разбојништво во обид“, за „предизвикување на општа опасност“ и „недозволено  изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, информира на денешната прес-конференција Анита Стојковска портпарол на СВР Велес.

 
Осомничениот синоќа околу 19,15 часот со употреба на огнено оружје автоматска пушка калибар 7,62 милиметри со маска на лицето влегло во менувачницата на улицата „Благој Ѓорев“ б.б. лоцирана во Трговскиот центар во Велес и на вработениот му вперил пушка и му се заканил да му ги даде парите.
 
- Вработениот му се спротивставил и почнале да се борат при што сторитеот испукал два куршума во ѕидот.Борбата продолжила и надвор од менувачницата при што сторителот испукал уште два куршума кои завршиле во гума на паркиран  патнички автомобил од спротивната страна на улицата,додека другиот куршум завршил во ѕид кој се наоѓа пред менувачницата, појасни Стојковска.
 
Како што информира портпаролот Стојковска, осомничениот лишен од слобода и задржан во Полициската станица во Велес за понатамошна постапка.
 
Инаку, осомниченото лице е во бегство од затворот во Штип, каде извршувал 15 годишна затворска казна за сторени вакви и слични кривични дела.
 
- Се работи на утврдување на евентуалната инволвираност на осомничениот  во други вакви и слични кривични дела, информира портпаролот Стојковска. ад/цр/15:54