Македонија
9. May 2018 - 17:57

Затвореник со тешки повреди заврши на клинички по тепачка во затворот Идиризово

Еден затвореник е тешко повреден во тепачка што се случила во Казнено поправната установа Идризово. Полицијата соопшти дека вчера попладнето во 16 часот и 30 минути во Секторот за внатрешни работи било пријавено дека петтото крило од затворот, по претходна расправија дошло до физичка пресметка помеѓу 26-годишниот С.Р и 32-годишниот М.Е, двајца осуденици од Скопје.

Во тепачката, повозрасниот осуденик се здобил со тешка телесна повреда, по што бил примен на Максофацијалната хирургија во Клиничкиот центар во Скопје.

Директорот на Максофацијална Славе Наумовски потврди дека вчера бил примен осуденик од Идризово со напукната вилица, потенцирајќи дека пациентот ќе остане една недела на лекување во затворското одделение на Клиникатa.