Затвореник од затворот во „Идризово“ ја искористил пандемијата на коронавиурс за олеснување на неговата положба
Затвореници во „Идризово“ ја искористувале пандемијата на коронавиурс за олеснување на нивната положба. Па така еден затвореник од Гостивар, јадел живи компири за да има покачена температура. Тоа и му успеало, добил покачена температура, докторите му направиле и тест за коронавирус кој истиот бил негативен, но сепак ќе остане во самоизолација, а медицинските лица подоцна ја откриле и причината за покачената температура.
Во затворот донесена е и забрана за посети, а укинати се и слободните викенди. Зголемено е нивото на хигиена, набавени се средства за дезинфекција.
Во другата казненопоправна установа во Шутка речиси идентично се спроведуваат процедурите. За сите затвореници кои по смртта на притвореникот се тестирани, резултатите ќе пристигнат во понеделник или вторник.
Лекарите редовно ги контролираат затворениците, а има и некои кои имаат покачена температура, но директорот на затворот вели дека утврдено е дека станува збор за обичен грип.
Информациите дека починал уште еден затвореник во затворот ги нарекоа лажни вести, а најавуваат и тужба за интернет порталот.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација