Македонија
10. December 2018 - 16:09

Затворениците започнаа штрајк со глад, бараат општа амнестија

Затвореници од повеќе затвори во Македонија од утрово почнаа штрајк со глад. Бараат и тие да бидат опфатени со новиот закон за амнестија кој во рамките на процесот на помирување го подготвува власта во соработка со пратениците кои беа исклучени од ВМРО-ДПМНЕ.

„Почнуваме со дводневен предупредувачки штрајк со глад бидејќи и покрај сите барања до Владата и премиерот досега не добивме одговор во врска со законот за амнестија, кој е во најава. Бараме општа аменстија за сите дела кои ги дозволува Уставот, исто така и статусот на доживотно осудените да се промени во бројка што е во склад со европските закони. Доколку во следните два дена не добиеме конкретен позитивен одговор од страна на Владата и работното тело за помирување, ќе продолжиме со штрајкот со глад и ќе организираме мирни протести со нашите фамилии пред Владата“ – стои во писмото на затворениците испратено до директорот на затворот во Идризово.

Премиерот Заев денеска го одби нивното барање

Македонија донесе закон за амнестија на почетокот на оваа година. Тогаш над 850 лица беа ослободени од затворите а над 3000 осуденици добија 30 процентно намалување на казната.