Балкан
17. July 2017 - 12:53

Затворениците му се заканијана монструмот Марко - "Сега ќе видиш што е машка рака“

 
Затворските денови на двојниот убиец Марко Николиќ, ќе бидат повеќе од пекол. Тој на среде улица ја избоде невенчаната сопруга Маја и го удави синот Михајло кој имаше само четири години, а затворениците најавуваат дека ќе му се одмаздат и дека ќе почувствува на себе што е машка рака.
 
Тој се наоѓа во централниот затвор во Белград, а со него има уште тројца затвореници во ќелија. Тој не правел проблеми и не се жалел на условите.
 
Затворениците откако слушнале дека убил жена и дете решиле да се заканат. Од затворот велат дека нема добро да помине бидејќи затворениците знаат што му направил на детето и ќе кренат бунт против него.