Живот
4. March 2016 - 15:13

Затвореници викнаа стриптизети и направија бесрамна журка во затвор на голем христијански празник

Затворениците во озлогласениот затвор Изалко во Ел Салвадор им пишале на затворските надзорници да им дозволат забава со женски танчерска група за да го прослават со „стил“ јужноамериканскиот религиозен фестивал.

На снимката која ја снимил еден од затворениците со мобилен, се прикажани танчерки кои баш и немале ништо со балетот, туку со стриптизот.

Видеото кое се појави на социјалните мрежи пред неколку дека предизвика проблеми во затворот од каде велат дека ќе спорведат истрага за инцидентот.

Министерот Родил Хернандез веднаш вината ја пренел на својот претходнк Нелсон Рауда инсистирајќи дека контроверзната забава се случила во 2012 година.

Затворениците побарале затворските келии да останат отворени во текот на целиот ден за да го прослават празникот на Блажената Дева Марија од Милост, пред да ја направат бесрамната журка.

Голите девојки на затворенците им танцувале во скут, а на снимката се гледаат мажи прекриени со тетоважи кои се знак за припадноста на опасни банди со чии членови е наполнет затворот.

Снимката наводно е пронајдена во мобилниот телефон на еден од членовите на криминална банда при една одвоена истрага.

На снимката наводно се гледаат и затворсктие чувари како уживаат во забавата.

Истрагата е во тек.