Македонија
20. January 2019 - 19:22

Затвореници од затворот Штип се самоповредувале оти управата им забранила да користат мобилни телефони

Со барикадирање во еден од дневните претстои во првото затворско крило, петмина затвореници во штипскиот затвор  го искажаа револтот поради претходно извршената рација од  страна на затворските чувари, кога им биле одземени 3 мобилни телефони и 5 сим картички.
 
Два часа тие преговарале со директорот на затворот, барајќи да имаат право да се јавуваат на своите кога ќе посакаат, зашто сметале дека правилата не важат подеднакво за сите.
 
Дел од разговорот е снимен со мобилен, кој очигледно не им бил пронајден и објавен на социјалните мрежи.
 
Директорот на КПД-Штип, Мики Тодоров денес ја потврди случката, но демантираше дека затворениците немаат подеднакви права. 
 
- Доколку им се нарушени правата, осудените лица слободно ги упатувам да напишат претставка до Народниот правобранител, за да се утврди дали им се нарушени или не правата, изјави Тодоров- ТЕЛОП- МИКИ ТОДОРОВ, ДИРЕКТОР НА КПД-ШТИП
 
Додека биле во просторијата некои од нив се самопровредиле со жилет и стакло, но откако преговорите завршиле мирно и без инциденти, веднаш им е укажана медицинска помош, а на двајца од нив раните им се сошиени во штипската клиничка болница.
 
- Ние како раководство гледавме на смирен начин, без употреба на физичка сила да се реши целата ситуација. Со нив преговаравме околу два часа, за да на мирен начин излезат и ја отворат вратата, да немаат некакви последици, бидејќи повикување на бунт е казниво од шест месеци до три години затвор, додаде Тодоров- 
Во текот на денешниот ден осудентите лица треба да дадат изјави за вчерашниот настан, по што затворската управа треба да реши кои мерки ќе бидат преземени, зашто користењето на мобилни телефони од страна на осудени лица  е строго забрането.