Затворени германската амбасада во Анкара и Генералниот конзулат во Истанбул заради терористичка закана
Германската амбасада во Анкара и Генералниот конзулат на оваа земја и германското училиште во Истанбул денеска се затворени заради терористичка закана, информира ДПА.
Германската амбасада во Анкара и германскиот Генерален конзулат во Истанбул денеска се затворени заради индикации за можен напад, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на Министерството за надворешни работи на Германија.
Министерството посочи дека германското училиште во Истанбул, исто така, е затворено заради „непотврдена закана“.
Германија во вторникот издаде предупредување кон своите државјани во Анкара за „претстоен напад“.
Конзулатот, преку електронска пошта, на германските државјани им посочи дека ги затвора своите врати по добиено предупредување „кое не е убедливо проверено“.
И двата објекта во Истанбул денеска ќе останат затворени како мерка на предострожност, се посочува во електронската пошта.
Во бомбашки атентат во неделата во Анкара загинаа 37 лица.
Во јануари 12 германски туристи беа убиени во самоубиствен напад во Истанбул, за кој беше обвинета групата Исламска држава.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација