Македонија
31. January 2017 - 18:34

Затворена за сообраќај десната лента на мостот Градско-Неготино кај Стоби

Поради оштетување на дилатација на мостот на автопатот А-1 Градско-Неготино кај Стоби на Црна Река за сообраќај се затвора десната лента. Сообраќајот ќе се одвива по левата коловозна лента. Поставена е содветна сигнализација, соопшти АМСМ.

Граничниот премин Богородица-Евзони се уште може е блокиран од грчка страна каде се поставени трактори и поради што сообраќајот не функционира во двата правци, и за патнички и за товарни моторни возила. Границата може да се помине само пеш. 

Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови по наместа влажни коловози.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија – Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Ново на Сител