Македонија
10. July 2020 - 14:21

Затворена конфекција во Свети Николе, регистрирани случаи на Ковид-19

Светиниколската фабрика „Мода“ го затвара погонот по добивањето на резултатите од скринингот на 210 работници, информира градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски.
 
Врз основа на новодобиените информации за бројот на заболени од ковид-19 и препораките од Министерството за здравство и Кризниот штаб на Општина Свети Николе, менаџментот на фабриката Мода АД и Камотекс ДООЕЛ одлучи, од денес 10 јули, петок да се затворат погоните на фабриките со цел намалување на ризиците од ширење на коронавирусот во истите во наредните денови“, вели Велковски.
 
Велковски е информиран дека сите 830 вработени ќе бидат подложени на скрининг тест со цел утврдување на точната бројка на број на заболени лица и секако спречување на ширење на заразата.
 
Вкупната бројка до денеска на заболени од ковид-19 во Свети Николе е 79 лица.
 
И понатаму апелирам до сите граѓани, да се придржуваат на мерките и препораките на Министерството за здравство и Владата за соодветна заштита од коронавирусот, вели Велковски.