Македонија
18. February 2021 - 11:08

Затворен угостителски објект во Тетово, работел по дозволеното време

На 17.02.2021 во 21.30 часот, полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола во угостителски објект на ул. „ЈНА“ во Тетово, сопственост на Ф.Ц.(33) од Тетово. При контролата во објектот биле затекнати пет лица – гости и сопственикот.

Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат, а сопственикот Ф.Ц. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.