Затворен угостителски објект во Скопје кој работел по дозволеното време, внатре биле затекнати 47 гости
На 11.01.2021 во 22,00 часот по претходна пријава дека угостителски објект лоциран на улица "Ѓорѓи Поп Христов" во Скопје работи по 18,00 часот, од страна на полициски службеници во содејство со претставници од Државен пазарен инспекторат, извршена е контрола во угостителскиот објект, сопственост на И.С.(53) од Скопје и констатирано е дека во локалот се наоѓаат 47 лица, на возраст од 17 до 75 години.
Затекнатите лица како и сопственикот на објекот се лишени од слобода за понатамошна постапка.
Од страна на Државен пазарен инстпекторат, локалот е затворен во времетраење од 30 дена.
По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик "Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија".
Ново на Сител
-
Уапсени двајца дилери на хероин од Прилеп
-
Човек стави дете во контејнер за донации кај „Сити мол“ | ВИДЕО
-
БиХ: Жена со Ковид-19 загина во пожар во ковид-центар
-
Принц Едвард: Смртта на принцот Филип остави голема празнина во животот на британската кралица
-
Првиот контингент американски војници за вежбата „Дифендер 21“ пристигна во Тирана
-
Полицискиот час во Албанија од утре се намалува за два часа
-
Села: Некој не зел плата два месеци, а граѓаните без државјанство не зеле 30 години
-
„Гардијан“: Најголемото жариште на бразилски сој П1 е во Канада