Македонија
19. December 2020 - 13:50

Затворен угостителски објект во Никуштак поради непочитување на рестриктивните мерки

Полициски службеници од СВР Куманово, во координација со Државниот пазарен инспекторат, вчера во периодот од 17.30 до 20.00 часот, извршиле контрола на 36 угостителски објекти на териториите на општините Куманово и Липково, во врска со почитување на одлуките на Владата на Република Македонија за работното време, како и држење дистанца, точење алкохол на малолетници и други прекршоци.

– При извршената контрола во 17.30 часот, во угостителски објект во село Никуштак, општина Липково, сопственост на А.Р.(29) од с.Никуштак, на една маса биле затекнати повеќе лица од дозволеното, односно од страна на угостителот не е почитуван протоколот од Уредбата на Владата за спречување на ширењето на Ковид 19. Од страна на Државниот пазарен инспекторат објектот бил привремено затворен, соопшти денеска МВР.