Македонија
31. January 2021 - 13:02

Затворен угостителски објект во Кичево поради непочитување на работното време

Министерството за внатрешни работи соопштува дека угостителски објект во Кичево е затворен поради прекршување на протоколите за справување со пандемијата предизвикана од Ковид-19. Угостителскиот објект работел по дозволеното работно време.

На 30.01.2021 во периодот од 19.00 до 22.00 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево, во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, извршиле акциска контрола во угостителски објекти во градот и приградските населби.

Притоа било констатирано дека угостителски објект, лоциран на ул.„Мара Угринова Гина“ во Кичево, не ги почитувал одредбите за пропишано работно време и останатите протоколи за работа на угостителски објекти.

Од страна на Државниот пазарен инспекторат објектот е затворен, а против сопственикот ќе биде поднесена кривична пријава за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ по член 206 од Кривичниот законик.