Македонија
24. January 2021 - 11:22

Затворен угостителски објект во Гази Баба поради непочитување на работното време

На 23.01.2021 во 21.50 часот при контрола во угостителски објект на подрачјето на Гази Баба од полициски службеници од Полициска станица Гази Баба констатирано е дека истиот работи по дозволеното време и во него се затекнати шест лица кои се лишени од слобода. Објектот е затворен од Државниот пазарен инспекторат, а ќе биде поднесена и соодветна кривична пријава.