Македонија
22. July 2019 - 14:49

Затворен патот кон граничниот премин Ново Село, во тек полициски увид

Денеска од 13:15 часот регионалниот пат Струмица – ГП Ново Село е затворен за сообраќај, соопшти АМСМ.

Патот е затворен поради случена сообраќајна незгода, додаваат од таму.

Како што информираат очевидци сообраќајната незгода се случила помеѓу населените места Дабиле и Босилово, а во истата учествувале повеќе возила меѓу кои имало камион, комбе и патнички автомобил. 

Полицијата врши увид на самото место.

Во овој момент нема повеќе детали за сообраќајната несреќа.