Македонија
26. February 2017 - 21:45

Затуроска до Шекеринска: Прифатете ја понудата за доброто на Македонија и откажете се од антидржавниот проект

Пратеничката Лилјана Затуроска упати повик до Радмила Шекеринска да ја прифатат понудата на ВМРО-ДПМНЕ и да јај отфрлат платформата на албанските партии.

-Доста беа лаги и манипулации! За државата се работи ! Бидете еднаш искрени и пред себе и пред народот. Имате од нас отворена понуда. Отфрлете ја платформата од Тирана и отфрлете ги сите уцени кои водат во разнебитување на Македонија. Ние ќе го дадеме гласот за вашата програма и вашата Влада иако ниту граѓаните не ја подржаа на избори.

Тоа е помала штета во моментов бидејќи како што си тргнала заедно со твојот лидер Заев на пат сте да ја уништите државата која е добиена со многу крв и која имаме аманет да ја оставиме на идните генерации. Економските штети од лажните ветувања на Заев ќе ги корегираме со напорна работа. Штетите по државните и националните интереси кои ги правите може да бидат неповратни.
Знаеш ти добро како оди тоа. Оставивте пепел кога заминавте од власт. Твоите бомбона бизниси ги плаќаше народот. Твоите октоподи кои беа изум на СДСМ оставија 200.000 луѓе на улица. Додека ти купуваше луксузна гардероба и чанти, народот немаше ни за леб.

Се ова со напорна работа го надминавме и ја вративме Република Македонија на вистинскиот пат. Доколку успееш, како што ветуваше за шест месеци со твојот лидер да ја свиткаш кичмата и да го промените името на државата, тоа нема да може да се надомести.

Народот нема да ви го дозволи тоа! ВМРО ДПМНЕ нема да ви го дозволи тоа! Затоа, дојде време да ги симнете маските. Прифатете ја понудата за доброто на Македонија и откажете се од антидржавниот проект доколку ја сакате Македонија, пишува Затуроска на социјалната мрежа Фејсбук.

zaturoska-fb