Македонија
8. January 2021 - 16:43

Затекнати 80 гости на прослава во угостителски објект во с.Здуње

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.Џ. (59) од Гостивар, сопственик на угостителски објект во с.Здуње,гостиварско, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“.

На 21.11.2020 во угостителски објект во с.Здуње од полициски службеници било констатирано дека се одржувала прослава и биле затекнати околу осумдесетина гости.

Пријавениот постапил спротивно на прописите или наредбите за време на епидемија.