Свет
11. July 2016 - 23:25

Застражувачко предупредување на Путин: Зар не сфаќате дека светот се вовлекува во војна?

Рускиот претседател Владимир Путин издаде предупредување во светските медиуми дека светот оди кон нуклеарна војна.

Тој говорејќи со странските новинари на Европскиот форум во Санкт Петербург на 17 јуни кажа зошто смета дека војната меѓу Русија и Западот е неизбежен. 

Путин ги нападна новинарите дека постојано повотруваат лажни дезинформации кои им ги сервираат САД за антибалистичките ракетни системи во источна Европа. Тој истакна дека е откриено дека лагата за ракетниот систем треба да служи како заштита од иранските проектили. 

Тој им соопшти на новинарите дека Русија предвидела дека САД за неколку години опсегот на тој систем ќе го прошири на 1.000км. Тогаш руските нуклеарни потенцијали и нуклеарната рамнотежа меѓу САД и Русија ќе падне во вода. Путин во целост го изгуби трпението во разговорот со новинарите, критикувајќи што слепо помагаат во продолжението на нуклеарната расправија повторувајќи ја американската пропаганда. 

- Ние знаеме што се случува со години и тие знаат дека ние тоа го занеме. Само на вас можат да ви кажуваат бајки и вие во тоа да верувате ширејќи ги приказните на народот. Вие не чуствувате каква опасност се наближува и тоа мене ме загрижува. Како не сфаќате дека светот се вовлекува во војна? Тие се рпават дека ништо не се случува, а не знам како вие ги голтате сите тие лаги, рекол претседателот Путин.